Фудбалерите на Интер заедно со своите фанови ја прославија 20. титула во Серија А.
Според италијанските медиуми, низ улиците на Милано титулата ја славеле околу 300.000 навивачи, повеќе од 20.000 имало на главниот плоштад каде се одвиваше центрачниот дел од прославата.
Our Starry Night 🖼️⭐️⭐️#ForzaInter #IM2Stars pic.twitter.com/0a0iqMKyzN
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) April 28, 2024
Хит на прославата беше еден навивач, кој обоил крава во боите на Интер, и ја донесе меѓу навивачите како специјален гостин.
Ospiti speciali 🤣⚫️🔵 pic.twitter.com/f2p71FZLp7
— LineaInter (@linea_inter) April 28, 2024
Во негативен контекст се „истакна“, фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис. Поради неговото однесување Фудбалскиот сојуз на Италија отвори истрага.
На прославата, репрезентативецот на Холандија вееше знаме на кое со ланец како куче го држи играчот на Милан, Тео Ернандез.
⛓️😳 Inter’s Denzel Dumfries holding up a poster of him chaining up Theo Hernandez during title celebrations! 🚐 pic.twitter.com/1jWDToJxX3
— EuroFoot (@eurofootcom) April 28, 2024
Минатиот понеделник, кога Интер го победи Милан со 2:1 и математички ја обезбеди титулата, во финишот на натпреварот жестока пресметка имаа Дамфрис и Тео Ернандез, поради што двајцата беа исклучени.