(Видео) Навивачи среде натпревар се обидоа да го нападнат Салах

Видео-Навивачи-среде-натпревар-се-обидоа-да-го-нападнат-Салах.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вистински хаос се случи пред крајот на натпреварот помеѓу Сиера Леоне и Египет (0:2) во африканските квалификации за пласман на СП 2026 година.


Натпреварот се одигра во Либерија бидејќи Сиера Леоне нема услови да игра натпревари на домашен терен, но тоа не спречи неколку лица, за кои се наведува дека се навивачи на Сиера Леоне, во 89.минута да влезат на теренот и да направат инцидент.

Тие неколку навивачи се упатиле кон Мохамед Салах и се обиделе да го нападнат, но обезбедувањето навреме интервенирало.

На видеата кои кружат на интернет може да се види како дел од редарите жестоко ги удираат споменатите навивачи.

Набрзо на теренот пристигнаа и припадници на армијата, тие по мечот се погрижија Салах и неговите соиграчи безбедно да заминат во соблекувалната, а потоа и да го напуштат стадионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK