Интер Мајами ја победи Филаделфија Унион со 4:1 во полуфиналето на Лига купот и се пласираше во финалето ќе игра против Нешвил кој го исфрли Монтереј.
На стадионот во Филаделфија сите дилеми Интер ги реши во првите 20 минути, кога постигна два гола.
Првиот гол го постигна Мартинез, вториот Меси, до полувремето Жорди Алба зголеми на 3:0, а потоа Бедој погоди за Унион, а Руиз ја потврди победата на Интер во 84. минута.
Првото име на натпреварот повторно беше Лионел Меси кој постигна фантастичен гол во 20. минута. Ова беше деветти гол во шестиот натпревар за Меси. Од моментот кога Аргентинецот пристигна во Мајами, тимот има шест победи на исто толку натпревари. ,
Според некои обложувалници, Интер сега е четврти фаворит за освојување на шампионската титула, а пред доаѓањето на Меси овој клуб беше тотален аутсајдер.
LIONEL MESSI! The Best player in the world.pic.twitter.com/4P9MrLYVOl
— Roy Nemer (@RoyNemer) August 15, 2023