Фудбалерите на Баер Леверкузен на нестварен начин изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на конференции. „Фармацевтите“ губеа од Карабаг 0:2, на крајот славеа со 3:2. Два гола во судиското надополнување на времето постигна Патрик Шик.
Баерн Леверкузен успеа да го преживее двомечот со Карабаг. На првиот меч избегнаа пораз во судиското надополнување, кога стрелц беше Шик, а во реваншот на ист начин славеа и се пласиара меѓу најдобрите осум во Лига Европа.
Карабаг имаше предност од 58.минута со голот на Зубир, пет минути подцна Кафаркулиев доби директен црвен картон, но во 62.минута Жунињо погоди за 0:2.
Фримпонг им ги врати надежиите на „фармацевтите“ во 72.минута.
Баер одо тој момент редеше напади, неговите играчи не ги користеа шансите се до судиското надополнување. Шик изедначи во 93.минута, а истиот играч погоди за 3:2 во 97.минута.
Покрај Баер Леверкузен во четвртфиналето се пласираа: Милан, Вест Хем, Олимпик Марсеј, Бенфика, Ливерпул, Рома и Аталанта.
Ливерпул и во реваншот ја декласира Спарта Прага. На „Енфилд“ резултатот беше 6:1. Рома загуби од Брајтон со 1:0, но првиот меч го доби со 4:0.
Аталанта со пресврт славеше над Спортинг Лисабон со 2:1 и со вкупни 3:2 влезе во Топ 8.