(Видео) Историска победа! Хајденхајм првпат почувствува слава во Бундеслигата

Видео-Историска-победа-Хајденхајм-првпат-почувствува-слава-во-Бундеслигата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Недела, 17 септември 2023 година, засекогаш ќе се памети во Хајденхајм, градчето од 50.000 жители во провинцијата Баден-Виртемберг, откако нивниот фудбалски клуб, Хајденхајм со 4:2 го совлада поранешниот шампион Вердер Бремен за прва победа во највисокиот ранг на германскиот фудбал.


Фудбалерите на Хајденхајм така му дадоа најголема награда на нивниот тренер, Франк Шмит, кој пак, денеска стана тренерот со најдолг стаж во еден фудбалски клуб во германскиот фудбал.

Хајденхајм, секако, ја играат својата прва сезона во Бундеслигата, откако во поголемиот дел од својата историја играа во регионалните лиги, пред во 2013, повторно под водство на Шмит да влезат во „Цвајте“, популарната германска втора лига, каде што минатата сезона ја освоија титулата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK