Елиф Елмас му ја донесе победата на Наполи, во Бергамо, против Аталанта. Македонскиот репрезентативец погоди за 2:1 во 79.минута. На овој меч, на клопата на Наполи дебитираше новиот тренер Валтер Мацари, кој пред репрезентативната пауза го наследи Руди Гарсија.
Елмас мечот во Бергамо го започна како резерва, на теренот влезе на местото на политано во 63.минута, а мечот го реши 16 минути подоцна, по додавањето на Осимен.
Ова е втор гол за Елмас од почетокот на сезоната во Серија А.
Претходно, Нопли добрата игра во првото полувреме ја круниса со голот на Кварацхелија во 44.минута. Десетина минути пред голот на Грузиецот, беше поништен голот на Рахмани.
Аталанта изедначи во раната фаза од вториот дел, во 53.минута со голот на Лукман.
GoaL! | Atalanta 1-2 Napoli | Eljif Elmas 🅰️ Victor Osimhen pic.twitter.com/MDe3xafIbl
— Larex sports (@npaakmph) November 25, 2023