Словенечката кошаркарска репрезентација стигна до доминантна 103:68 победа над Јапонија во подготвителен меч за Светското првенство, предводени од стартната петорка Дончиќ-Николиќ-Хроват-Препелич-Тоби.
НБА ѕвездата Дончиќ заврши со 23 поени, од кои 15 во првото полувреме, додека Јака Блажиќ имаше 16 поени. Јапонците имаа одлична прва четвртина во која постигнаа 21 поен, по што во следните три имаа само 47 поени. Џош Хокинсон беше најдобар за нив со 12 поени и 12 скока.