(Видео) Бес и огорченост во Португалија: Против Уефалона не се игра

Видео-Бес-и-огорченост-во-Португалија-Против-Уефалона-не-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Порто, синоќа во второто коло, во Лигата на шампионите, загуби на домашен терен од Барселона (0:1).


Гневот на навивачите на Порто, но и на спортската јавност во Португалија го предизвика судискиот тим, предводен од Ентони Тејлор.

Во Порто се огорчени на судијата Тејлор, смета дека два пати не им досудил најстрога казна.

Најпрво во 19. минута стоперот на Барса Жил Кунде пред сопствениот гол го удри во меѓуножјето напаѓачот на Порто Мехди Тареми кога тој се подготвуваше да шутира кон голот.

Вториот пат од Порто сметаат дека не добиле пенал во 77. минута.

Тогаш Жоао Кансело во шеснаесетникот на својот тим буквално ја носеше топката со рака пред Стивен Еустакио. Ниту тогаш судиите не реагираа, иако овој пат ВАР ја разгледа ситуацијата. Ова уште повеќе ги разбесни Португалеците.

„Уефалона! Комбинацијата на зборовите „Уефа“ и „Барселона“ стана стандарден крик на сите обесправени на натпреварите против Барса, што укажува на поврзаноста на УЕФА, поточно нејзините судии, и Барселона“ стои во еден од највпечатливите коментари на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK