Миле Свилар во Рома пристигна во летото 2022 година. На неговиот трансфер од Бенфика инсистираше Жозе Мурињо, но вистинска шанса во римскиот гигант ја доби откако Португалецот доби отказ.
Даниеле Де Роси, новиот тренер на Рома, реши да му даде шанса на Свилар пред искусниот Руи Патрисио. Синоќа прерасна во вистински херој на Рома, бидејќи одбрани два пенали против Феенорд и беше најзаслужен пласманот на „волчицата“ во осминафиналето во Лига Европа.
Свилар е роден во Белгија. Тој е син на легендарниот југословенски голман Ратко Свилар. Бранеше за младинските репрезентации на Белгија, но реши да го прифати повикот од Србија во иднина да брани за оваа репрезентација.
Досега за Србија настапи на еден пријателски натпревар.
Ова ги поттикна Белгијците повторно да се обидат да го привлечат во својата репрезентација, поради добрите игри што ги пружа, наведува белгиска „Спорза“.
Потребен им е голман поради повредата на неприкосновениот Тибо Куртоа, бидејќи во Србија има голема конкуренција во Вања Милинковиќ-Савиќ (Торино), Предраг Рајковиќ (Мајорка) и Радослав Петровиќ (Челси).
Според новите правила на ФИФА, играч може да ја смени репрезентација дури и ако еднаш играл на официјален натпревар за друга репрезентација.
Mile Svilar. Remember the name. Forza Roma! 💛❤️pic.twitter.com/Aiju53ecJk
— minny 💛❤️ (@YorhaMin) February 23, 2024