Барселона се мачеше но успеа да го совлада Кадиз со 2:0 во второто коло во Примера.
Актуелниот шпански првак, на „Монжуик“, каде сезонава ќе биде домаќин. отпорот на Кадиз го скрши со головите во 82. и 94.минута.
Барселона го контролираше поседот, но тешко ја пробиваше одбраната на Кадиз, која ја предводеше голманот Ледесма. Аргентинскиот голман имаше неколку извонредни интервенции, а спектакуларна беше неговата одбрна по ударот на Ез Абде.
Свои шанси имаше и Кадиз, но неговите напаѓачи немаа концентрација кога требаа да го задат завршниот удар.
Акцијата Гундоган-Педри во 82.минута го реши победникот. Педри го постигна првиот гол за Барселона во новата сезона.
Точка на натпреварот стави Феран Торес кој лесно реши ситуација еден на еден со Ледесма.