Фудбалерите на Баерн и Интер забележаа победи на отворањето на третото коло, во Лигата на шампионите. Баерн во Истанбул го победи Галатасарај со 3:1, а Интер славеше со 2:1 над Салцбург.
Галатасарај и Баерн одиграа спектакуларен натпревар во Истанбул, а конечниот резултат не го отсликува реално случувањата на теренот.
Галатасарај, доминираше и го надигра Баерн во првите 70 минути. Актуркоглу, Икарди и Лукас Тореира не реализираа неколку добри шанси. Баерн се наметна во последните 20 минути кога и го реши прашањето околу конечниот победник.
Офанзивната игра на Галатасарј ги принуди Баварците пансите да ги бараат во контри и полу-контри. Три такви завршија со постигнат гол.
Резултатот го отвори Коман во осмата минута. Израмно од пенал, со „Паненка“, Икарди. Во вториот дел Кејн, му ја врати предноста на Баерн, а шет минути подцна му асистираше на Мусијала кој го постави конечниот резултат.
Harry Kane. Cold
— Univers Bayern (@UniversBayern) October 24, 2023
Галатасарај го доживеа првиот пораз, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, додека Баерн го подобри својот рекорд, 37 натпревари во групната фаза Баварците не знаат за пораз.
Баерн сега има девет бода, Галатасарј четири, Копенаген еден, а Манчестер јунајтед е на нула. Јунајтед од 21 часот ќе го пречека Копенхаген.
Интер во Д групата, рутински го победи Салцбург со 2:1. Алексис Санчез го отвори резултатот во 19.минута, Глук постигна убав гол за 1:1 во 57., а Чалханоглу од пенал ги постави конечните 2.1, седум минути подоцна.
Интер има седум бода, Реал Сосиедад четири, Салцбург три, а Бенфика е без освоен бод.
Во вториот меч во оваа група Бенфика ќе го пречека Сосиедад.
Foto/ EPA