Видал стана играч на Интер



Видал стана играч на Интер - МИА

Милано, 22 септември 2020 () – Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал стана играч на Интер, соопшти прес-службата на клубот од Милано.


 

Договорот со 33-годишниот Чилеанец е потпишан на три години, износот на трансакцијата не беше обелоденет.

Видал играше за Барселона од 2018 година. Заедно со каталонскиот тим стана шампион на Шпанија и сопственик на Суперкупот на земјата. Минатата сезона тој одигра 43 натпревари за Барса и постигна осум голови и три асистенции.