Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Серџо Скариоло го објави списокот од 12 играчи кои ќе учествуваат на претстојното Светско првенство.
Мундобаскетот ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Скариоло реши од списокот да ги изостави Алберто Абалде, Себастијан Саис и Хамес Прадиља.
Тој најави дека на списокот ќе се најде и повредениот Алберто Диас, но доколку не се опорави до стартот на Мундобаскетот, на негово место ќе дојде Хамес Фернандез.
Ветераните Серхио Љуљ, Руди Фернандез и Виктор Клавер ќе ја предводат „црвената фурија“, која го брани златниот медал освоен пред четири години во Кина.
Спискот на Шпанија: Алберто Дијаз, Хуан Нунес, Серхио Љуљ, Дарио Брисуела, Руди Фернандес, Алекс Абринес, Виктор Клавер, Џоел Пара, Хуанчо Ернангомез, Санти Алдама, Вили Хернангомез, Усман Гаруба.
Шпанија на Светското првенство ќе игра во групата Г со Иран, Бразил и Брегот на Слоновата коска.