Вестбрук стана шести играч во историјата на НБА-лигата со трипл-дабл на дебито за новиот тим


Вестбрук дебитираше за Вашингтон - МИА

Вашингтон, 24 декември 2020 () – Кошаркарот на Вашингтон, Расел Вестбрук, дебитираше за својот нов тим ноќеска против Филаделфија (107:113) со „трипл-дабл“ – 21 поен, 11 скока и 15 асистенции.


 

Вестбрук стана 6-ти играч во историјата на НБА-лигата со трипл-дабл на својот прв натпревар за новиот тим.

Претходно, Оскар Робертсон, Нејт Турмонд, Џон Шумате, Луис Лојд и Елфрид Пајтон успеаја да го сторат тоа.

Вестбрук се приклучи на Вашингтон визардс на 3 декември.