Вердаско нема да учествува на „Ролан Гарос“ поради позитивен тест за КОВИД-19


Вердаско нема да учествува на „Ролан Гарос“ поради позитивен тест за КОВИД-19 - МИА

Париз, 26 септември 2020 () – Фернандо Вердаско нема да учествува на Гренд слем турнирот „Ролан Гарос“ поради позитивен тест за коронавирус. Поранешниот топ 10 играч има 67 последователни настапи на Гренд-слем турнирите пред да го пропушти УС Опен оваа година. Вердаско, 36, е многу разочаран од неговата неможност да учествува во Париз и изрази сомнеж во веродостојноста на тестовите за КОВИД-19.



Вердаско откри дека бил позитивен на тест за коронавирус во август без никакви симптоми. Следуваа два негативни теста, и оваа недела повторно е позитивен. Вердаско додаде дека тој побарал нов тест, но организаторите на Ролан Гарос одбиле. Потоа Шпанецот направил тест во независна лабораторија, што бил негативен.

– Сакам да го изразам моето разочарување од организаторите на „Ролан Гарос“, кои ми го одзедоа правото да поминам нов тест за да го потврдам првиот или да покажам дека тоа може да биде грешка, напиша Вердаско.

Во средата, Бошњакот Дамир Џумхур рече дека ќе ги тужи организаторите на турнирот откако беше дисквалификуван за позитивен тест за коронавирус.


Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Вести

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

– Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и […]

Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*