Венгер ги именува фаворитите во Лигата на шампионите


Париз, 3 август 2020 () – Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер ги кажа своите фаворити во тековната Лига на шампиони.

– За мене, Манчестер сити и Пари Сен-Жермен се два фаворита во однос на нивниот потенцијал. Чувствувам дека ПСЖ е малку посилен од пред три или четири години, кога и  конкуренцијата исто така беше посилна. Мислам дека има генерален пад на квалитетот на европскиот фудбал. Но, парижаните сè уште се меѓу првите две или три екипи во Европа, изјави Венгер.

Не смееме да бараме лажни причини зошто ПСЖ сè уште не ја освои ЛШ. Дури и Реал Мадрид не победи 10-15 години, а потоа трипати по ред го освојуваше европскиот трон, додаде францускиот фудбалски стручњак.

Лигата на шампионите ќе продолжи на 7 август, а во двете формирани четвртфинални двојки се среќаваат:
Аталанта – ПСЖ
Лајпциг – Атлетико Мадрид.


Вести

Нови 247 случаи на КОВИД-19, оздравеле 321, починале 15 лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на КОВИД-19, оздравеле 321 пациент, а починале 15 лица, сите во болнички услови. Од новорегистрираните случаи, во […]

Вести

Владини одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на УО на повеќе ЈП и АД

Владата на денешната седница донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на […]

Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

– Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*