Уште еден тенисер изјави дека нема да се вакцинира


Уште еден тенисер изјави дека нема да се вакцинира - МИА

Москва, 13 мај 2020 () – Рускиот тенисер Карен Хачанов изјави дека не сака да се вакцинира против коронавирус. Светскиот бр.15 е втор тенисер за кој се знае дека има таков став на деликатната тема, откако минатиот месец лидерот во ранглистата на АТП, Новак Ѓоковиќ објави дека е против вакцинирање. Хачанов, кој моментно е трет рекет на Русија, учествуваше во разговор во живо на Инстаграм со новинарката Марија Команднаја.

– Ако се создаде вакцина за коронавирусот, тие прво мора да ја тестираат, на пример една година. Но, дури и во теорија, јас би одбил вакцинација, рече 23-годишниот играч, цитиран од „sovsport.ru“.

Хачанов исто така рече дека не очекува професионалната тениска сезона да продолжи пред септември.

– Ако треба да ги погледнеме работите трезвено, тениските турнири ќе се вратат во септември најрано. Ова е во најдобар случај. Тука е покомплицирано отколку во другите спортови затоа што треба да летаме цело време, рече Хачанов.

Тој го сподели и своето мислење за големото трио во тенисот – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

– Од големите тројца, најтешко ми е да играм против Надал. Неколку пати бев близу до победа против него, но јас никогаш не го победив Рафа. На теренот разбирате дека он е машина. Во решавачките моменти тој не прави грешки, не ве пушта. Тој е како булдог, рече Русинот.


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]