Уште еден млад Бразилец договори трансфер во ПСЖ

Уште-еден-млад-Бразилец-договори-трансфер-во-ПСЖ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако во понеделникот го потврдија трансферот на Лукас Бералдо од Сао Паоло, Пари Сен Жермен, во вторникот објави дека во клубот доаѓа уште еден млад Бразилец.


Габриел Москардо (18), исто така е момче од Сао Паоло, но тој го носеше дресот на Коринтијанс.

Станува збор за играч од средниот ред, кој дебитираше за првиот тим во јули годинава. На 18 натпревари постигна еден гол.

Вредноста на трансферот е 20 милиони евра плус бонуси во износ од два милиони. Се очекува Москардо наскоро да пристигне во Париз за да го официјализира договорот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK