Уште еден голем чекор кон враќање на Премиер лигата


Извршен директор на Премиер лигата: Ако сезоната 2019/20 не заврши, ќе изгубиме милијарда фунти - МИА

Лондон, 14 мај 2020 () – Владата на Велика Британија го поддржа планот за продолжување на фудбалските натпревари во јуни. Ова го изјави Оливер Дауден, државен секретар за култура, медиуми и спорт во Велика Британија, по денешната средба со раководството на Фудбалската асоцијација, Премиер лигата и Англиската фудбалска лига.

Покрај тоа, министерот потврди дека емитувањето на натпреварите треба да биде подостапно за приврзаниците, што ги потврдува намерите повеќе натпревари да имаат телевизиско покривање, а дел од нив ќе бидат бесплатни за фановите.

„Проектот Рестарт“, на кој активно работат во Премиер лигата, планира да го обнови шампионатот на 12 јуни.

– Владата ја отвора вратата овој конкурентен фудбал да се врати безбедно во јуни. Ова треба да вклучува можност навивачите да добијат поширок пристап до преносот во живо на дуелите. Сега фудбалските власти мора да постигнат договор и да ги финализираат деталите за нивните планови. Постои заедничка добра желба да се направи ова за доброто на навивачите, фудбалската заедница и нацијата како целина. Владата и нашите медицински експерти ќе продолжат да нудат водство и поддршка пред да се донесе конечна одлука. Сите се согласивме дека ќе продолжиме само ако е безбедно. Здравјето и благосостојбата на играчите, тренерите и персоналот се на прво место, рече Дауден.


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]