УЕФА размислува за ЕУРО без публика




Еврпското првенство во фудбал поради пандемијата со коронавирусот е поместено за една година, но како што сега стојат работите се соочува со нов удар.

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин не ја исклучил можноста континенталниот шампионат да биде одржан без навивачи. Тој ја отфрлил можноста првенството да се игра во „меури“ бидејќи според планот ЕП ќе се игра во 12 градови.

„Не размислуваме за „меури“, истото го мислам и за Лигата на шампионите и Лига Европа. Прашањето е само дали турнирто ќе се игра со или без навивачи. Дали да се дозволи 30, 50 или 70 отсто од полниот капацитет на стадионите. Во теорија, иако сакаме ЕП да биде во 12 држави, можеме да го организираме и во 11, 10, три или во краен случај само во една држава“, изјавил Чеферн за германската државна телевизија АРД.

Европското првенство треба да почне за осум месеци.