Тухел: Јас секогаш ги бранам играчите, но овој пат одбивам, натпревари од ова ниво не можат да се играат вака


ПСЖ се загрева за Лигата на шампионите со турнир во Катар - МИА

Париз, 29 ноември 2020 () – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел ги критикуваше играчите на тимот по натпреварот од 12. коло во Лига 1 со Бордо (2:2).



– Не можете да играте без да вложувате напор, како што тоа го сторивме во второто полувреме. Првото полувреме беше нормално, ние постапивме едноставно. Но, немавме доволно сериозност да го завршиме овој натпревар, да го решиме. Ни недостасуваше фокус во овој дел од оваа област. Во второто полувреме ни недостасуваше сè: дисциплина, напор … сè. Беше полошо од мечот против Монако. Немаше доволно напор, дисциплина, правилен став. Обично секогаш го бранам својот тим, но денес одбивам да го сторам тоа. Го загубивме второто полувреме и сме одговорни за тоа. И јас исто така, истакна Тухел.

Тој побара од своите избраници посериозен пристап на следните мечеви.

– Треба да видиме различен ПСЖ во пресрет на дуелот со Манчестер јунајтед. Не може да се има резултати со ваква игра. Потребно е повисоко ниво. Не разбирам зошто тимот не презема одговорност, зошто ние не играме посериозно, додаде Тухел во интервју за „Канал +“.