Трансферот на Азар може да се покаже далеку поспектакуларен


Азар: Убаво е да се вратиш на теренот - МИА

Мадрид, 4 септември 2020 () – Белгискиот весник „ХЛН Спорт“ тврди дека всушност Еден Азар ќе го чини Реал Мадрид 160 милиони евра, а не како што беше досега познато – 100-115 милиони. Во јули 2019 година тој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Челси. За споредба, за Герет Бејл платија 101 милиони евра во 2013 година, а за Кристијано Роналдо 94 милиони евра во 2009 година.


 

Според изданието, во договорот меѓу Реал и Челси стои дека сумата мора да се пренесе на три рати – 40, 56 и 64 милиони евра, првите две се веќе платени, а последната е планирана за 2021 година. Дури и со досега споменатите параметри од 100-115 милиони евра, ова е рекорден излезен договор за „сините“ од Лондон. Сè уште нема официјална потврда за информациите на „ХЛН Спорт“.

Азар добива 14 милиони евра годишно, а има договор за уште четири сезони. Сепак, неговата прва кампања во Мадрид не беше за паметење, откако долго време се опоравуваше од повредата.