Тотенхем ќе ја „позлати“ својата sвезда со нов договор


Тотенхем ќе ја „позлати“ својата sвезда со нов договор - МИА

Лондон, 24 октомври 2020 () – Тотенхем му понуди нов петгодишен договор на Хјун-Мин Сон, кој е во одлична форма. Во пракса, ова би значело дека Јужнокореецот би можел да остане во Лондон до крајот на активната фудбалска кариера, бидејќи офанзивниот играч во моментов има 28 години.



Се разбира, платата на Сон исто така ќе биде зголемена. Според англиските медиуми, тој ќе добие 52 милиони фунти до крајот на договорот. Крилото во моментов „собира“ околу 150.000 неделно. Новиот договор предвидува неговата плата да стане 200.000 и со тоа Јужнокореецот ќе се изедначи со платата на големата sвезда на тимот – Хари Кејн.

Вчера, менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо отворено рече дека сака Сон да го продолжи договорот, кој истекува во 2023 година.

Според медиумите на Островот, понудата е веќе дадена и играчот наскоро ќе ја прифати.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*