Тијаго Силва го продолжи договорот со ПСЖ до крајот на сезоната


Фудбалерите во Франција ќе бидат тестирани за коронавирус - МИА

Париз, 30 јуни 2020 () – Неколку фудбалери на ПСЖ, чии договори истекуваат денес, ги продолжија договорите со францускиот клуб до вистинскиот крај на тековната сезона. Помеѓу нив е и дефанзивецот Тијаго Силва.

– Голманот Серхио Рико, дефанзивецот Тиаго Силва и напаѓачот Ерик Максим Шупо-Мотинг, остануваат во тимот до завршувањето на сезоната, објави францускиот шампион.

Сепак, ништо не се зборува за статусот на напаѓачот Единсон Кавани. На играчот му истекува договор со парижаните, а Уругваецот отворено изјави дека има намера да го напушти клубот.

За потсетување, француската Лига 1 заврши пред предвиденото, а ПСЖ беше прогласен за  шампион. Сепак, францускиот клуб го очекува продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите.


ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми - МИА
Вести

ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми

Скопје, 14 јули 2020 () – Гласањето во 17 домови за стари лица низ државата се одвива одлично и без никакви проблеми, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото […]

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата - МИА
Вести

Втор ден гласање на изборите за пратеници

Скопје, 14 јули 2020 () – Избирачките одбори од утринава го спроведуваат гласањето на болните, немоќните, хронично болните лица, кои се пријавиле за гласање за предвремените парламентарни избори, а своето право на глас го искористуваат […]

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите - МИА
Вести

Гласаат болните, немоќните и затворениците

Скопје, 14 јули 2020 () – Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица. Според последните податоци […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*