Фубалерот на Виљареал, Јреми Пино, доживеа тешка повреда настапувајќи за Шпанија против Кипар во квалификациите за ЕУРо 2024.
Крилниот напаѓач ги повреди предните вкрстени лигаменти на левото колено и се очекува да го пропушти остатокот од сезоната.
Тоа значи дека Пино најверојатно ќе го пропушти Европското првенство следната година во Германија, на кое Шпанија веќе се пласираше.
Овој 21-годишен фудбалер досега одигра 12 натпревари во дресот на Шпанија и постигна два гола. Исто така, повредата на Пино е тежок удар за Виљареал, кој по 13 одиграни кола е само на 14. позиција на табелата во Примера.