Тер Штеген ги честеше „јорганџиите“ – Атлетико ја победи Барселона




Атлетико, во Мадрид, ја победи Барселона со 1:0, во дерби мечот одигран во рамките на 10.коло, во Ла Лига. Оваа победа е прва за тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, против Барселона во Ла Лига.

Мечот го реши Јаник-Фереира Караско, со голот постигнат во последните секунди од првото полувреме. Белгиецот ја искористи катастрофалната грешка на голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген.

Германскиот голман без потреба излета далеку од својот гол, во обид да спречи долго додавање кон Караско. Белгиецот со еден прием му продаде тунел на голманот, а потоа ја испрати топката во празниот гол.

Во првото полувреме двата тима имаа по две добри шанси, најпрвин Гризман за Барселона во седмата минута, а потоа Атлетико се закани преку Саул во 10.минута, неговиот удар го одбрани Тер Штеген, а во следната минута Ударот на Љоренте заврши во гредата.

Во 40 минута Меси од чиста позиција шутираше лошо, а Облак го одбрани неговиот удар.

Барселона се обиде во второто полувреме да ја стигне предноста на противникот, меѓутоа шансите што ги имаа играчите на Роналд Куман не ги искористија.

Два пати, од пет метри Клеман Ленгле беше во чисти шанси, но голманот на Атлетико Јан Облак ги одбрани неговите удари.

Последената шанса за израмнување Барса ја имаше во самиот финиш, ударот на Серхи Роберто на патот кон голот го закачи Хименез, но топката за среќа на облак заврши во корнер.

Атлетико во вториот дел имаше свои периоди на добра игра, неколку полу-шанси, но без конкретна завршница.

Со овој триумф, Атлетико дојде до 20 поен во сезоната. Со натпревар помалку од Реал Сосиедад „органџиите“ ја делат првата позиција на табелата со екипата од Баскија. Атлетико е единствениот тим без пораз во Ла Лига. Барселона е на 10.место со 11 поени.




Вести

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, […]

Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија - МИА
Вести

Тридневен штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија

Околу 2.500 работници на „Амазон“ во Германија почнаа тридневен штрајк денеска, временски закажан за да ја нарушат продажбата за време на „црниот петок“. Штрајкот, повикан од моќниот синдикат Верди, треба да трае до сабота и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*