ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината


Вторпат во кариерата Австралијката Ешли Барти ја освои ВТА наградата за „тенисерка на годината“, додека Барбора Крејчикова од Чешка доби двојна награда – за „најдобра двојка на годината“ во тандем со Катерина Синиакова, и „тенисерка со најголем напредок“.


 

Меѓу добитничките на годинешните награди на Женското тениско здружение (ВТА) се најдоа и сензационалната победничка на Ју-Ес Опен, Британката Ема Радукану, која е прогласена за „дебитантка на годината“ и Шпанката Карла Суарез Наваро за „повратничка на годината“.

Ешли Барти наградата на ВТА првпат ја освои во 2019 година, а овој пат ја заслужи со тоа што трета сезона по ред заврши на врвот на ранг-листата и освои пет титули, вклучувајќи го и триумфот на Вимблдон.