Вондрушова: Пред една години трофеј на Вимблдон за мене беше невозможна мисија

vondrousheva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чешката тенисерка Маркета Вондроушова рече дека не верувала во освојување трофеј на Вимблдон со оглед на повредата мината сезона.

Таа имаше операцијата на левата рака која и беше во гипс пред една година.


– Пред точно една година имав гипс на целата рака. Не верував дека можам да играм овде на врвно ниво. За мене беше невозможна мисија да се освои трофејот. Не знаев дали можам повторно да играм како пред операцијата. На крајот на краиштата, претходно не сум имала добри мечеви на трева. Од четирите Грен слема, освојувањето на овој е најневозможната опција за мене. Не ни помислував на тоа. Дојдов овде мислејќи дека треба да се обидам да победам неколку натпревари. И тогаш ова се случува. Лудило, изјави Вондрушова.

Таа вчера со 6:4 и 6:4 во финалето на Вимблдон ја победи Онс Жабер од Тунис.

Денес ќе се игра финалето во машка конкуренција. Во него ќе се соочат Карлос Алкараз од Шпанија и Новак Ѓоковиќ од Србија (почеток 15 часот).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK