Свитолина донираше за украинските деца

svitolina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најтрофејната украинска тенисерка на сите времиња Елина Свитолина, која во саботното финале ја совлада Русинката Ана Блинкова (6-2, 6-3) во финалето во Стразбур, одлучи сите пари заработени од освојувањето на својата прва ВТА титула откако стана мајка, да ги донира за помош на децата во Украина.

Триумфот во Стразбур, каде победи и во 2020 година, на Свитолина и донесе заработка од 29.760 евра.


„Сакам да ја поделам оваа енергија со мојата татковина Украина. Сите пари од наградата ќе бидат наменети за украинските деца на кои им се најпотребни во овие тешки моменти“, изјави 28-годишната Свитолина.

Свитолина се врати на тениските терени во октомври лани, откако минатиот април ја роди ќерката Скаи, првото дете во бракот со францускиот тенисер Гаи Моммфис, а на турнирот во Стразбур настапи со покана од организаторите и рангирана на 508 место на ВТА листата.

Украинката Свитолина во саботата стана четврта најниско рангирана тенисерка која триумфирала на ВТА турнир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK