Серена Вилијамс по две години повторно во Федерејшн купот



– Женската тениска репрезентација на САД ќе биде посилна за Серена Вилијамс во мечот против Летонија во квалификациите за завршниот турнир. Потврда за настапите на 23-кратната гренд слем шампионка стигна од Тениската асоцијација на САД (УСТА).

Последниот меч за националниот тим, Серена Вилијамс го одигра во февруари во 2018 година. Таа моментно се подготвува за Австралија опен на кој ќе атакува на 24 -та гренд слем титула. Доколку успее во тоа, ќе се израмни со легендарната Маргарет Корт.

Дуелот меѓу САД и Летонија е закажан за првиот викенд во февруари. Победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир од 14 до 19 април во Будимпешта. Досега во кариерата, таа одигра 13 меча во поединечна конкуренција во Федерејшн купот и сите 13 ги реши во своја корист.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]