Руд го победи Зверев во три сета и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

tenis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Норвешкиот тенисер Каспер Руд вчеравечер во полуфиналето на Ролан Гарос го победи Германецот Александар Зверев со 6:3, 6:4 и 6:0. Мечот траеше 2 часа и 11 минути.

Дваесет и четиригодишниот Норвежанец оствари пет асови и една грешка на вториот сервис, како и шест реализирани брејк топки од 10.


Две години постариот Германец имаше три сервиси, две двојни грешки и една реализирана брејк-топка од девет шанси.

Во финалето четвртиот светски рекет ќе се сретне со Србинот Новак Ѓоковиќ, кој во полуфиналето го победи Шпанецот Карлос Алкарас (6:3, 5:7, 6:1, 6:1).

Наградниот фонд на Грен слемот во Париз изнесува 49,6 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK