Надал се откажа од настап во Монтреал: Морам да мислам на здравјето


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави денеска дека нема да настапи на мастерсот во Монтреал кој е на програмата од 8 до 14 август.

 

 

– Од мојот одмор и подоцнежното враќање на терените, овие недели сè минува добро. Пред четири денови почнав повторно да тренирам и, после секој тренинг, имав мала непријатност која беше присутна и денеска. Одлучивме да не патувам во Монтреал и да продолжиме со тренинзите без присилба, напиша Надал на својот Твитер профил.

– Се надевам дека повторно ќе играм во Монтреал, турнирот кој го сакам и кој го освоив пет пати, пред публика која секогаш ме дочекуваше со голема љубов. Во овој момент не ми преостанува ништо друго освен да бидам мудар и да размислувам за здравјето, додаде Надал.

Последниот турнир на кој Шпанецот настапи беше Вимблдон, на кој поради повреда на стомачниот мускул мораше да го предаде полуфиналето против Ник Кирјос.