Надал го откажа настапот на турнирот во Ротердам поради повреда


Надал се пласираше во полуфиналето Ролан Гарос - МИА

Вториот светски тенисер, Шпанецот Рафаел Надал. е принуден поради болки во грбот да го откаже учеството на АТП турнирот од серијата 500. во Ротердам, што ќе се игра од 1 до 7 март, соопштија денеска организаторите.



-Болките во грбот почнав да ги чувствувам уште на турнирот во Аделаид а продолжија на Австралија Опен. Најдовме некое привремено решение во Мелбурн, но по враќањето во Шпанија бев на лекарски преглед и задно со мојот медицински тим ме советуваа следната недела да паузирам од играње тенис. Навистина штета, бидејќи се радував на моето враќање во Ротердам и Холандија, бидејќи долго време немам играно таму, образложи Надал во официјалното соопштение.

Надал на Австралија Опен беше поразен во четвртфиналето во кое против Гркот Стефанос Циципас испушти водство од 2:0 во сетови, што на грен-слем турнирите му се случи само втор пат во кариерата.

Шпанскиот тенисер последен пат настапи на турнирот во Ротердам во 2009 година, кога во финалето загуби од Британецот Енди Мареј.