Комплетирано женското финале на Ролан Гарос


Чешката тенисерка Барбора Крејчикова и Русинката Анастасија Пављученкова ќе играат викендов во финалето на годинешното издание на Ролан Гарос.


 

Пављученкова, 32 рангирана на ВТА листата, во првото денешно полуфинале, што траеше час и половина, триумфираше над словенечката тенисерка Тамара Зиданшек со 7:5, 6:3., додека Крејчикова по повеќе од тричасовна борба ја совлада Гркинката Марија Сакари со 7:5, 4:6, 9:7.

До своето прво големо финале во кариерата, 29-годишната Пављученкова стигна во 50-от обид со што го собори претходниот рекорд во сопственост на Италијанката Роберта Винчи, која во 44-от грен-слем настап стигна до финалето на Ју-Ес Опен во 2015 година.

Овогодишното финале на Ролан Гарос ќе биде прв меѓусебен дуел на Пављученкова и Крејчикова.