Годишнина од нападот врз Моника Селеш



Пред 28 години на денешен ден се случи нападот што засекогаш го смени светот на тенисот, кога тогашната југословенска тенисерка Моника Селеш беше прободена со нож на 19-годишна возраст од навивач на нејзината голема конкурентка, Германката Штефи Граф.


 

Инцидентот се случи на 30 април 1993 година за време на четвртфиналниот дуел меѓу Селеш и Магдалена Малеева, кога 39-годишниот Гинтер Пархе со нож ја избоде Селеш од трибините на турнирот во Хамбург.

Нападот се случи во време кога тенисерката родена во Нови Сад беше број 1 на ВТА листата и осум освоени грен-слем титули. Рехабилитацијата траеше две недели, а на тенисот му се врати по две години пауза. Инцидентот, сепак, остави психолошки последици врз Селеш, која до крајот на кариерата освои уште само една грен-слем титула, триумфирајќи на Австралија опен во 1996 година.

Нејзиниот напаѓач не беше казнет со затвор поради психичко нарушување и му беше одредено двегодишно задолжително лекување.