Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучерс турнирот во Рим, совладувајќи ја денеска Италијанката Лаура Маир (764 место ВТА) со 2-0 во сетови (6-3, 7-6(5)).
Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Жибек Куламбаева од Казахстан, која со 2-1 во сетови беше оуспешна од квалификантката Аника Јашкова од Словачка.
Куламбаева има 23 години и се наоѓа на 435. место на ВТА листата.
Наградниот фонд на фјучерсот во Рим изнесува 60.000 долари.