Ѓоковиќ: Сè уште имам страст и желба да играм на највисоко ниво


Дваесет и еднократниот Грен слем шампион Новак Ѓоковиќ призна дека е решен да продолжи да игра тенис.

 

 

– Сè уште сакам да играм тенис, иако постигнав речиси сè што може да се постигне во него. Сè уште имам страст и желба да играм на највисоко ниво. Бев решен да играм во Лејвер купот и сакав да играм понатаму, па Тел Авив беше совршен избор за мене, ги цитира „Тенис365“ зборовите на 35-годишниот Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер ги сподели и своите очекувања од турнирот во Тел Авив.

– Не сум бил тука долго време и заборавив многу, па дефинитивно ќе се вратам повторно. Се надевам дека ќе играм добро овде и ќе видам колку луѓе доаѓаат да ги гледаат моите натпревари, додаде тој.

Ѓоковиќ учествува на турнирот од категоријата АТП-250 во Тел Авив (Израел). Тој ќе настапи не само во сингл, туку и во двојки, заедно со израелскиот тенисер Џонатан Ерлих.

Турнирот ќе трае од 26 септември до 2 октомври.