Ѓоковиќ прв полуфиналист на Вимблдон



Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, по десетти пат во кариерата обезбеди пласман во полуфиналето на грен-слем турнирот во Вимблдон, откако попладнево без загубен сет го совлада Унгарецот Мартон Фучувич.


 

Ѓоковиќ го надигра 48. рангираниот тенисер на АТП листата со 6:3, 6:4, 6:4 за два часа и 16 минути.

Бранителот на титулата во Вимблдон за своето седмо учество во финалето во Лондон ќе игра против победникот од дуелот Русинот Карен Хачанов и Денис Шаповалов од Канада.