Ѓоковиќ го комплетира списокот со четвртфиналисти на Олимписките игри



Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ избори четвртфинале на Олимпијадата во Токио, по победата над Фокина Давидович од Шпанија со 2-0, по сетови 6:3 и 6:1.


 

Србинот е последниот кој обезбеди учество помеѓу најдобрите осум. Негов следен противник ќе биде Кеи Нишикори од Јапонија.

Другите три четвртфинални двојки се:
Зверев (Германија) – Шарди (Франција)
Качанов (Русија) – Умбер (Франција)
Карено-Буста (Шпанија) – Медведев (Русија).