Федерер го потврди настапот на ОИ во Токио


Роџер Федерер ќе ја претставува Швајцарија на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Швајцарскиот олимписки одбор.


 

Освојувачот на 20 грен-слем турнири денеска во осминафиналето на турнирот во Вимблдон за противник го има Италијанецот Лоренцо Сонего, кој исто така, ќе настапи на летната Олимпијада во јапонската престолнина.

Федерер е единствениот машки член на швајцарската тениска репрезентација. Од тенисерките, Швајцарија во Токио ќе ја претставуваат Белинда Бенчиќ и Викторија Голубовиќ, кои ќе настапат во поединечна конкуренција и во двојки.

Олимпискиот тенисот турнир во Токио ќе се одржи од 24 јули до 1 август.