Циципас за МИА: Посакував да бидам еден од најдобрите светски тенисери, но не очекував да се случи толку брзо


Секогаш сакав да успеам да бидам меѓу најдобрите во светот, но дојде многу брзо, вели во ексклузивно интервју за МИА грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој е седми на светската АТП листа и цели кон тоа да стане рекет број еден во светот.

Дописничката на МИА од Атина, го сретна 21 годишниот тенисер за време на Дејвис купот што се одржува во грчката престолнина. Скромен и постојано насмеан, Циципас, говори за најтешкиот, но и најнезаборавниот меч во неговата досегашна кариера, но и за неодамнешната одлука да ги избрише сите негови профили од социјалните мрежи.

Во неговата досегашна кариера, 21годишниот тенисер играше и со неговиот идол Роџер Федерер, меч за кој вели дека бил еден од потешките за него.

Тенисерот број седум во светот, во разговор со дописничката на МИА од Атина говори, испраќа порака до младите да имаат верба во себе за да ја постигнат целта.

Во овој момент си тенисер број седум во светот, кога започна со тенисот, ова беше твојот сон, веруваше дека ќе стигнеш толку високо?

– Не можам да одговорам на ова. Секогаш сакав да имам високи поени и да успеам да бидам меѓу најдобрите во светот. Но, никогаш не верував дека ќе стигнам овде каде што сум сега. Ова, секако со текот на времето се разви, со турнирите на кои играв, сѐ повеќе ги сфаќав моите намери и што навистина сакам да правам и сега можам да кажам дека да, секако дека сакав да бидам тука, но дојде многу брзо… Не очекуваше толку брзо да се случи? Сега целиш кон број еден?

– Да, мојата цел е број еден, но се обидувам да не размислувам многу за број еден, бидејќи тоа е како да немаш друг избор. Бројот еден е број еден и сите сакаат да бидат број еден, но треба да бидам постабилен на секојдневна основа, за да можам да играм на повеќе турнири.

Постои некој натпревар кој ќе го паметиш бидејќи, за тебе лично, беше тежок и физички и психички?

  • Еден од најтешките натпревари оваа година беше на Ролан Гарос со Вавринка. Исто така, тежок натпревар, би рекол повеќе психички тежок натпревар, одиграв со Федерер на Австралија Опен, беше тешко да го завршам.

Веруваше дека еден ден ќе играш со Федерер?

– Да бидам искрен, не верував. Но, ете се случи. Од потешките натпревари годинава беше исто така и оној со Надал во Мадрид.

Како мал, имаше идол? Некој од тенисерите за кој велеше дека сакаш да бидеш како него, да го достигнеш, но и да го надминеш? -Да, Роџер Федерер.

Натпревар што од твои лични причини нема никогаш да го заборавиш?

  • Победата над Новак Ѓоковиќ, лани во Торонот, бидејќи беше прва победа, мислам дека Ѓоковиќ тогаш беше тенисер број еден.

Што би им порачал на децата кои те следат и сонуваат да станат тенисери?

  • Да верувате во себе, бидејќи сето ова почнува од верба. Исто така да верувате во вашите способности и како луѓе, не само како спортисти, затоа што животот е тежок и сите сакаат да го добијат најдоброто од тебе, па така, да си цврст, да веруваш, да си блиску до семејството и да работиш напорно за она што навистина го сакаш во животот. Исто така, важно да имаш една мешавина од креативност е во твојот карактер, бидејќи тоа сигурно ќе ти помогне да стигнеш многу високо. И да ги затвориш профилите на социјалните мрежи? И ова е еден дел?

– Тоа е избор на секој посебно. Мене мислам дека ме прави да се чувствувам умствено поизбалансирано, кога ги затворам и се исклучувам. Генерално на социјалните мрежи постојат многу работи кои се кажуваат, а не се точни.

Ти пречат? Ти влијаат?

– Може да ми влијаат, без да бидам свесен. Па така, не губам ништо ако ги затворам и се посветам и се концентрирам на моите блиски луѓе и на оние со кои навистина поминувам убаво.

Сања Ристовска


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]