Австралија прв финалист во Дејвис купот

tenis_avstralija_23432423

– Австралиската машка тениска репрезентација се пласираше во финалето на годинешното издание на Дејвис купот откако во полуфиналето во Малага ја совлада Хрватска со 2-1.

Решавачкиот бод на Австралија ѝ го обезбедија Макс Пусел и Џордан Томсон кои во дуелот на двојки беа поуспешни од Никола Мектиќ и Мате Павиќ со 6-7, 7-5, 6-4.

Претходно Хрватска во водство ја донесе Борна Чилиќ со победа над Танаси Кокинакис (6-4, 6-3), додека на 1-1 израмни Алекс Де Минаур совладувајќи го Марин Чилиќ со 6-2, 6-2.

Австралија во финалето закажано за в недела ќе игра против победникот од денешното второ полуфинале меѓу Италија и Канада.

Facebook
Twitter
LinkedIn