Македонската женска тениска репрезентација денеска против Албанија во Скопје го почнува настапот во рамки на Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот.
Во првиот дуел, Магдалена Стоилковска ќе игра против Кристал Дуле, по што следува пресметката меѓу Лина Ѓорческа против Греши Бајри и натпреварот во дубл меѓу Ѓорческа/Стоилковска и Дуле/Бајри.
Македонските претставнички влегуваат во дуелот против Албанија со фаворитската улога, особено што нивните денешни противнички се тенисерки без ранг на ВТА листата.
На репрезентативен план, Македонија е рангирана на 83. место, додека Албанија е рангирана на 101. место.