Тен Хаг: Жал ми е за навивачите, ова е под нашите стандарди

Тен-Хаг-Жал-ми-е-за-навивачите-ова-е-под.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ја презеде одговорноста за елиминацијата на „црвените ѓаволи“ од Лига купот и додаде дека неговиот тим мора да ги подигне стандардите во следните натпревари.


Манчестер јунајтед беше поразен на „Олд Трафорд“ од Њукасл со 3:0 во осминафиналето на Лига купот. „Црвените ѓаволи“ минатата сезона го освоија трофејот во Лига купот, откако во финалето го совладаа Њукасл со 2:0.

„Знаеме дека ова не е доволно добро. Мораме да преземеме одговорност, јас морам да преземам одговорност. Не играме добро и жал ми е за навивачите. Ова е под нашите стандарди и треба да го поправиме. Мора под итно да се опоравиме, бидејќи следниот натпревар е во сабота. Мора да ги подигнеме стандардите. Ова не е доволно добро“, рече Тен Хаг.

Тој истакна дека верува оти играчите на Манчестер Јунајтед ќе се издигнат.

„Знаеме дека ова не е доволно добро и како што реков, јас сум одговорен и мораме да го направиме ова заедно. Мора да бидеме дисциплинирани и обединети, секој треба да преземе одговорност, да соработува, тоа е клучниот збор“, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед во сабота ќе му гостува на Фулам во 11. коло од Премиер лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK