Тен Хаг за Онана: Да не зборуваме за поединци

Тен-Хаг-за-Онана-Да-не-зборуваме-за-поединци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер јунајтед уште еднаш скапо ги плати грешките на голманот Андре Онана. Во Истанбул, Јунајтед одигра 3:3 со Галатасарај и покрај тоа што имаше предност од 0:2 и 1:3.


Камерунецот практично му подари два гола на Галатасарај, двата по слободните удари на Хаким Зијеш.

По мечот менаџерот Ерик тен Хаг, застана во одбрана на голманот за кого Јунајтед платија 53.000.000 евра.

„Андре Онана е во ред. Како што реков, никогаш не се работи за поединци. Се разбира, индивидуалните грешки можат да направат разлика во фудбалот и има одговорност за тоа, но ние секогаш гледаме да се подобриме како тим колку што можеме“, рече Тен Хаг.

На Јунајтед му треба чудо за да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, да го победи Баерн и да се надева на реми меѓу Копенхаген и Галатасарај.

Манчестер јунајтед во сабота од 21 часот гостува кај Њукасл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK