Тајсон го потврди мечот со Рој Џонс со посебно видео




 

Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, го потврди враќањето во боксерскиот ринг на 28 ноември против уште една легенда, Рој Џонс Јуниор, со посебна видеонајава и покрај загриженоста поради растот на бројот на позитивните случаи на коронавирусот.

Мечот во Калифорнија требаше да се одржи во септември, но Тајсон реши да го одложи за да има делумно присуство на публика и да се зголеми интересот за преносот.

Мечот е предвиден да биде во осум рунди и нема да се бројат поени, туку до победа ќе се дојде само со нокаут.

 

View this post on Instagram

 

11.28.20 #TysonJones #FrontlineBattle

A post shared by Mike Tyson (@miketyson) on Oct 8, 2020 at 10:34am PDT