Суарез разговарал со Киелини за трансферот во Јувентус


Суарез разговарал со Киелини за трансферот во Јувентус - МИА

Торино, 3 септември 2020 () – Луис Суарез му се јавил на Џорџо Киелини пред неговиот можен трансфер во Јувентус. Напаѓачот на Барселона сакал да ги разјасни своите односи со капитенот на „бјанконерите“.

 

 

Репрезентативецот на Уругвај го гризна Киелини за рамото за време на мечот со Италија на СП 2014 година. По инцидентот, тој беше казнет, откако не играше четири месеци. Киелини сепак не покажа лоши чувства кон противникот, но напаѓачот сакал да ги затопли односите со него.

Суарез е се поблизу до преселба во Јувентус. Според италијанските медиуми, тој веќе се договорил со италијанскиот гигант за неговите лични услови. Тој се согласил на 3-годишен договор и 10 милиони евра по сезона, колку што добива во Барселона.

„Бјанконерите“ понудија да платат сума за трансфер од 5 милиони евра. Каталонците сакаат да се разделат од големата плата на Суарез, па дури и разговараат за раскин на неговиот договор.

Сепак, Уругваецот бара 25 милиони евра отштета од Барселона, што се очекува да биде проблем. Во оваа фаза, играчот нема намера да ги намали своите барања, но во Јуве се надеваат дека ќе го убедат да се разбере со неговиот сегашен клуб.