Суарез под истрага за измама на испитот по италијански јазик


Суарез под истрага за измама на испитот по италијански јазик - МИА

Перуџа, 22 септември 2020 () – Испитот за италијански јазик што го полагал напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, со цел да му биде даден италијански пасош, беше анулиран од локалната финансиска полиција. Членот на уругвајската репрезентација успешно го помина тестот во Перуџа, но се покажа дека темите во него и крајната оценка се однапред договорени.

– За време на истрагите делегирани од февруари 2020 година на Финансиската полиција во Перуџа поврзани со Универзитетот за странци, откриена е неправилност во испитот за италијански јазик што го спроведе Луис Суарез на 17 септември 2020 година. Од работата на истражителите стана јасно дека темите опфатени со испитот биле претходно договорени со кандидатот, а евалуацијата на неговата изведба била направена пред испитот, иако за време на далечинските часови универзитетските наставници процениле дека имал основно познавање на италијанскиот јазик, напишаа во официјалното соопштение од полицијата и објавија дека собирале документи за случајот.

Засега е замрзнато земањето италијански пасош од Суарез, а покрај тоа, напаѓачот е предмет на казна доколку се докаже неговата вина, прецизира „Монитор“.

Додека трае истрагата, напаѓачот ги финализира деталите за неговиот трансфер во Атлетико Мадрид. Тој се покажа како непотребен во Барса по доаѓањето на Роналд Куман, откако се согласи со клубот да го раскине договорот.

Во неговиот нов клуб, напаѓачот ќе добие годишна плата од 9 милиони евра, колку што добиваше на „Камп Ноу“.


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*