Стерлинг ќе го напушти Сити, доколку Гвардиола не потпише нов договор со клубот


Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, нема да го продолжи договорот додека не добие гаранции за иднината на менторот Пеп Гвардиола, пренесе „Сан“.

Дваесет и четири-годишниот Англичанец оствари извонреден напредок во последните 12 месеци пред да го потпише сегашниот договор. Клубот од „Етихад“ сега е подготвен да го направи Стерлинг најплатениот играч во Премиер лигата со неделна плата од 450.000 фунти.

Сепак, самиот играч не брза да ја поврзе својата иднина со Сити.

До крајот на договорот на Гвардиола остануваат 18 месеци и ако каталонскиот тренер реши да ги напушти „небесно-сините“, Стерлинг може да размисли за промена на средината.


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]