СП 2018: Шпанија и Португалија ремизираа


Шпанија и Португалија одиграа возбудлив натпревар со два пресврти, кој заврши со нерешено 3:3 во групата Б на Светското првенство во Русија.

Натпреварот резултатски го отвори Кристијано Роналдо уште во четвртата минута постигнувајќи гол од пенал за водство на Португалија од 1:0.

По првичната конфузија шпанската репрезентација успеа да се консолидира и да се наметне на теренот, што пак резултираше со израмнување во 24 минута преку голот на Диего Коста.

Иако Шпанија останатиот дел од првото полувреме во поголема мера ја контролираше играта, на само една минута пред крајот на првиот дел Роналдо повторно беше прецизен и донесе водство од 2:1 за Португалија, резултат со кој се замина на паузата.

Во вториот дел Шпанија направи пресврт, откако Диего Коста во 55 минута го постигна вториот гол за израмнување 2:2, а само три минути подоцна Начо беше прецизен за водство на Шпанија од 2:3.

Меѓутоа, Роналдо во 88-та минута беше прецизен од слободен удар и постигна хет-трик за израмнување 3:3.

Претходно во оваа група, Иран во последните секунди од натпреварот против Мароко стигна до минимална победа од 1:0 со автоголот на мароканскиот фудбалер Азиз Бухадуз.

Балкан

Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16. Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе. – […]

Вести

Новиот премиер на Велика Британија – за приврзаниците популарен, за критичарите – неискрен

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен […]

Балкан

Србија: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот. Кон крајот на мај со музика и огномет, […]